Хет трик на Агуеро и два промашени пенали во петардата на Сити во Букурешт


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити веќе можат да се пофалат дека веќе обезбедија групна фаза од ЛШ бидејќи вечерва во Букурешт славеа против домаќинот Стеауа со високи 5:0.

Овој меч не почна добро за Граѓаните, односно за нивната прва ѕвезда Серхио Агуеро.

Аргентинецот веќе во 8 минута промаши пенал, но неговата грешка пет минути подоцна ја исправи Давид Силва кога погоди за водство на својот тим.

Веќе во 21 минута нов пенал за Граѓаните и ново промашување за Агуеро.

Сепак, Аргентинецот успеа за ова промашување да изваде и тоа во 41 минута кога после асистенцијата на Стерлинг погоди за 2:0.

Продолжението на мечот донесе уште три гола. Прво во 49 минута Нолито го постигна првенецот за 3:0, а Агуеро во 78 минута со вториот гол на мечот зголеми на 4:0, а на неговиот трет и на Сити петти се чекаше се до 89 минута кога се поставени конечните 5:0.

Со добар резултат може да се пофалат и фудбалерите на Борусија Мехенгладбах кои славеа во гости кај Јанг Бојс со 3:1. Стрелци беа Рафаел во 11 и 69, и Хан во 69 минута, додека единствениот гол за домаќините го постигна Миралем Сулејмани во 56 минута од мечот.

Ајакс ги разочара навивачите на Амстердам Арена. Фудбалерите на овој славен тим одиграа дома само 1:1 против Ростов. Гостите од Русија поведоа во 13 минута после голот на Нобое, а домаќините израмнија преку Класен од пенал од 11 метри.

Димамо од Загреб одигра 1:1 со австриски Салзбург. Гостите стигнаа први до предност преку голот на Лазаро, а Рог донесе израмнување.

Копенханген со голот на Андрија Павловиќ дојде до важна победа над ПАОК пред реваншот во Кипар.