Го победи ракот и стана олимписки шампион


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сантијаго Ланге е првиот јунак на овие ОИ.

Олимписки шампион во едрење е 54 годишниот аргентинец Сантијаго Ланге кој годинава ја доби најстрашната битка во животот.

Имено, минатата година е потврдено дека Ланге има рак на бубрегот но тоа не му значело ништо повеќе од мотив за подобро да се подготви за ОИ во Рио годинава.

„Шест месеци се борев со тоа и бев позитивен. Сега кога гледам назад тоа било неверојатно искуство, тешко секако но научив и доста многу. Ме оперираа во Барселона, а после месец дена се вратив на едрењето“ – изјави Ланге.

Секоја чест за овој храбар Аргентинец.