Алваро Баутиста потпиша за Аспар Дукати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алваро Баутиста и Дукати конечно потврдија она што долго се чекаше – дека од следната сезона ќе вози за Аспар тимот.

„Среќен сум и мотивиран што ќе останам во МОТО ГП. Имам некое чудно претчувство дека 2017-та година ќе биде мојата најдобра година“, изјави Баутиста.

„Нашиот професионален однос трае долго и доаѓањето на Алваро беше логично. Се надеваме дека ќе донесе фантастични резултати“, соопштија од Аспар Дукати.

Јуџин Лаверти најверојатно ќе му биде клупски колега, а Јони Хернандез ќе мора да бара нов тим.