Мојсов и Тричковски поразени од Либерец, Муарем исто така поразен со Карабах


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лош ден за македонските фудбалери.

АЕК Ларнака на Даниел Мојсов и Иван Тричковски на домашен терен беше поразена од Слован Либерец минимално со 0:1. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Куфал во 29-та минута. Македонските фудбалери, Даниел Мојсов и Иван Тричковски ги одиграа сите 90 минути, а Мојсов доби жолт картон.

Уште еден пораз за македонски фудбалер. Се работи за Муарем Муарем кој игра во азербејџански Карабах. Карабах денес беше поразен на гости од Гетеборг со 1:0. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Албаек во 56-та минута. Македонскиот фудбалер, Муарем Муарем одигра 72 минути.