Болт стигна до трипл-дабл во Рио!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јусеин Болт и понатака е непоразен на Олимписките игри. Во своето осмо финале, стигна до осмото злато.

Јамајканецот по влажните стази славеше во трката на 200 метри со време од 19:78.

Болт и на третите игри по ред по ред врза златни одличја на 100 и на 200 метри.

Втор беше Канаѓанецот Андре Де Грас, освојувач на бронза во трката на 100 метри, додека трет низ целта помина Кристоф Леметр од Франција.

Британецот Адам Џемили имаше истовреме како и Леметр, но после фото-финиш мораше да се задоволи со четврта позиција.

За Болт ова не е крај. Набрзиот човек на планетата има шанса и да оствари „ трипл-трипл“, кога ќе настапи си штафетата на Јамајка 4 пати по 100 метри.