Ново злато за Хрватска: Сара Колак најдобра во фрлање копје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младата Сара Колак припреди вистинска сензација во фрлање копје на Олимписките игри во Рио, освојувајќи злато за Хрватска.

Колак, која има само 21 година и не беше меѓу фаворитите за медал, во четвртата серија фрли фантастични 66,18 метри.

Ова е веќе петто злато за хрватските спортисти во Рио, а второ во атлетските дисциплини, после Сандра Перковиќ во фрлање на диск.

За каков подвик се работи, најдобро зборува податокот дека Хрватката порано имаше тешка повреда на рамото, од кога се опоравуваше година дена.

Колак во финалето ги надмина Сунет Виљен од Јужноафриканската Република, која фрли 64.92 и го освои среброто, а бронзата Барбара Спотакова од Чешка 64.80.

На игрите во Рио Сара два пати го собори националниот рекорд – прво со фрлањње 64.30, што и донесе пласман во финалето, а потоа и со споменатите 66.18, со што стана олимписки стадион.