Лион два од два: На крилјата на Лаказет победа против Каен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Лион го совладаа и вториот ривал во второто коло од француската Лига 1.

На Олимпик парк вечерва е отворено второто коло од француската Лига 1, а Лион го дочека секогаш незгодниот Каен кој во минатите години знаеше да го намачи Лион, но и вториот најголем француски клуб.

Така беше и вечерва, со тоа што Лион сепак успеа да запише победа. Конечниот резултат беше 2:0, а двата погодоци ги постигна Александр Лаказет и тоа двата од белата точка.

Во 31 минута изведе пенал кој донесе водство на Лион, а во 97 минута е досуден нов пенал и нов погодок постигна одличниот француски напаѓач кој и понатака е најголема желба на Арсен Венгер во Арсенал.

Така Лион дојде и до втората победа во две кола, па со многу оптимизам Лавовите влегуваат во продолжението од натпреварувањето.

Од друга страна, Каен после првата победа го забележа и првиот пораз во оваа сезона.