Германките слават, Марта во солзи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Германија го освои златниот медал на Олимписките игри во женска конкуренција.

Во големото финале, Германија после подоброто изведување на пенали ја победија Шведска со 2:1. Германките водеа со 2:0 а головите ги постигнаа Морошан и Сембрант (автогол). Шведска намали на 2:1 со голот кој го постигна Блексанисис за конечни 2:1 за златен медал.

Бронзата припадна на Канада која со головите на Роуз и Синклер славеше против Бразил со 2:1.

Голот за Бразил го постигна Ерика. Една од најдобрите фудбалерки на планетата Марта доби жолт картон и со плачење го напушти стадионот.

Во текот на денот на програмата се дуелите за мадели во машка конкуренција. За златото ќе се борат Бразил и Германија, а за бронзата Хондурас и Нигерија. Дали капитенот на Бразил, Нејмар, ќе стане прв кој ќе успее да подигне пехарот наменет за најдобриот на ОИ, или Бразил и понатака ќе остане без трофеј, останува да се види.

Од друга страна, Германија има шанса да испише нова страница на историјата, како прва селекција која на фудбалскиот турнир освоија злато во двете конкуренции.