Меси не треба да посветува внимание на критиките


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Аргентина повторно не успеаа да ја освојат Копа Америка.

Подобри од нив во неделата вечер беа фудбалерите на Чиле кои славеа после пенал рулетот. Еден од трагичарите за Аргентина беше Лионел Меси кој го промаши пеналот.

Меси после натпреварот порача дека се повлекува од репрезентацијата, а во негова одбрана застана сега веќе поранешниот соиграч од Барселона, Даниел Алвеш.

“Никој не може да ја оспори големината на Меси. Големо е задоволството да го имате за пријател. Тој мора да биде само во друштво на луѓе кои го почитуваат, а не со оние кои го критикуваат. Лео не би требало да ги слуша таквите критики”- изјави Алвеш.