Нани пред Хрватска – „Сите знаат што можи Роналдо“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалскиот крилен фудбалер, Нани е оптимист пред натпреварот од осминафиналето на ЕП против Хрватска.

Иако Португалија не победи ниту еднаш во групната фаза, Нани верува во својот тим, а посебно во најдобриот фудбалер, Кристијано Роналдо.

„Сите знаат кој е Кристијано и за што е способен во било кој момент во било која минута од натпреварот. Уверен сум дека ќе продолжи да постигнува погодоци“, изјави Нани.

„Мораме да веруваме дека можеме да победиме било која репрезентација без разлика кој е од другата страна. Ќе ни биде тешко против Хрватска. Тие имаа еден ден одмор повеќе, но мораме да се одмориме што побрзо и спремни да го чекаме натпреварот“, заклучи Нани.