Енрике без влакна на јазикот зборуваше за Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона на незгодно гостување кај Осасуна го реши со победа од 3:0, а тренерот Енрике изјави дека победите на најдобар начин ставаат притисок врз Реал Мадрид.

„Мислам дека бевме многу подобар тим и дека резултатот е праведен. Ова е тежок терен и знаевме дека ќе биде тешко додека не го постигнеме првиот гол. Меѓутоа, одиме дома среќни со победата и тоа е вистински начин да ставиме притисок на лидерите во првенството.“

„Бускетс е тој кој ја движи играта. Му треба половина секунда да го најде вистинското додавање. Тој ја насочува играта и благодарение на играчите како него можевме да го решиме натпреварот.“

Луис Суарез беше тој кој го отвори резултатот против Осасуна и погоди за 1:0.

Интересно, тој погоди против 22 од 24 тимови против кои играше во Примера.

„Знаевме дека првиот гол ќе биде важен, а за среќа знаевме дека натпреварот ќе го решиме до крајот. Сеуште сме во трка за шампиони и никогаш нема да се откажеме бидејќи сме Барселона.“

Да го споменеме и Меси, кој го постигна вториот и третиот гол, во својот 550 натпревар за Барселона.