Новицки напредува на листата на најдобри играчи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Дирк Новицки и понатаму напредува на листата на најдобри НБА играчи на сите времиња.

Кошаркарот на Далас неодамна ја надмина границата од 30.000 поени во НБА лигата, а во дуелот со Торонто стигна до 14-то место на листата на најдобри шутери на три поени.

Новицки пред себе ги има Луис, Брајант и Билапс и најверојатно нив набрзо ќе ги премине по бројот на постигнати тројки.

Најдобар во историјата на НБА лигата за удари за три поени е Реј Ален со 2973 тројки, втор е Милер со 2560 додека на трето место е Тери со 2220 тројки.