Очајниот Погба сака да избега од Манчестер: Французинот постигна неверојатен договор со Барселона!?

Пол Погба сака да избега од Манчестер јунајтед, откако пред две години пристигна од Јувентус за тогаш рекордни 105 милиони евра.

Неговиот агент Мино Рајола е на преговори за да ги договори условите за трансфер во Барселона. Јунајтед вчера одби понуда од 50 милиони евра и двајца играчи, но сега се очекува нова.

Погба, наводно, веќе ги договорил условите со Барселона. Ќе има плата од 350.000 фунти неделно, односно 18 милиони фунти годишно и сега е потребна потврда само од Јунајтед.

Но, засега ја нема. Тимот од Манчестер тешко може да најде замена до утре во 17 часот, кога завршува преодниот рок во Англија и трансферот е далеку од реализација.

Сепак, постојано се случуваат чуда во светот на фудбалот, посебно кога станува збор за трансфери, па останува да видиме што ќе се случи до утре.