Перишиќ одлучи каде ќе ја продолжи кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ го пропушти последниот пријателски натпревари на Интер против Баерн во САД, а навивачите тоа го протолкуваа како знак дека заминува.

Сепак, неговиот агент, Тони Мартиќ, ги смири навивачите со зборовите: Не се грижете, ветувам, не оди никаде“.

Иван Перишиќ требаше да биде хрватска ѕвезда на преодниот рок, многумина очекуваа дека за огромна сума на пари ќе ја промени средината после одличните настапи на ЕВРО, но и покрај интересот на клубовите како што се Барселона, се чини ќе остане во Интер. Така барем тврди неговиот агент.

„Иван е среќен во Интер, но во фудбалот ништо не се знае, не играше против Баерн од лични причини, неговото отсуство нема врска со трансфер. Со него е се во ред, проблем настана, па мораше да го прескокне натпреварот“, ги смири агентот на Перишиќ Тони Мартиќ навивачите на Интер.