„Лука, знаеш ли дека на 19 години ова не треба да го правиш?“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повторно главна ѕвезда во НБА-лигата беше Лука Дончиќ, кој го предводеше Далас до триумф, па ги наполни насловните страни на американските медиуми.

Овој 19-годишен кошаркар на Далас во победата против Минесота од 119-115 постигна 29 поени, 12 асистенции и осум скокови.

Легендата на Далас и коментатор, Дерек Харпер му постави интересно прашање на Словенецот.

„Лука, имаш 19 години. Играше неколку години во Европа. Знаеш ли дека не треба да правиш некои работи на 19 години во првата година во НБА-лигата?“, воодушевено праша Харпер.