Солскер: Јунајтед мора секогаш да оди на победа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед може да биде многу задоволен после уште една одлична претстава на неговиот тим во Премиер лигата.

Јунајтед славеше на гости кај Тотенхем, а ова беше шеста победа вкупно и петта во Премиер лигата по ред откако Солскер дојде во клубот. Уште позанимливо е дека тој стана прв тренер на Јунајтед кој успеал да победи шест од првите шест натпревари.

После мечот Солскер порача дека Јунајтед мора секогаш да оди на победа.

„Кога сте во Манчестер Јунајтед секогаш очекувате да победите. Нема да победите секој пат, но морате така да размислувате, тоа мора да биде менталитетот на тимот“, рече Норвежанецот по натпреварот и додаде:

„Во првото полувреме бевме одлични, но во второто не ставија под притисок. Де Геа одлично ни го чуваше грбот, беше неверојатен. Но и ние одлично се браневме“.

Во наредното коло Јунајтед игра против Брајтон.