Реал Мадрид остана без Карим Бензема


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И синоќа се виде дека Кралскиот клуб е во криза, а само благодарејќи на индивидуалните квалитети на Дани Себалос на крајот гостите победија со 2-1 против екипата на Бетис.

Реал во првото полувреме поведе со голот на Модриќ, но Бетис успеа во продолжението да израмни на 1-1.

Кога се чинеше дека ова ќе биде уште еден кикс на Реал Мадрид на крај стапи на сцена Себалос кој со одличен удар од слободен донесе победа на Реал против својот довчерашен клуб. Солари на крајот од мечот не можеше да биде заодовлен бидејќи остана без уште еден играч.

Имено, натпреварот поради повреда мораше да го напушти Бензема кој одигра само едно полувреме. Од Реал потврдија дека се работи за повреда на раката и сеуште не познато колку време Бензема ќе отсуствува од теренот.

„После тестирањата утврдовме дека се работи за скршеница на малиот прст на десната рака. Повеќе ќе се знае во наредните денови“, порачаа од Реал.

Кралевите оваа сезона навистина немаат среќа со повредите на играчите, а Бенезема ја прошири таа листа. Надвор од терените се Бејл, Лоренте, Крос и Куртоа.