Фудбалерите на Тотенхем повторно жртви на расизам: Овојпат вината е кај нивните навивачи?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тотенхем е поразен од Манчестер Јунајтед на свој терен вчера, но наиде на уште еден проблем.

Еден од навивачите на лондонскиот клуб на својот Твитер профил објави дека бил сведок на расистичко скандирање на фудбалерот на Спарси, Сон од страна на своите навивачи.

Човекот уредно им се обрати на редарите, но тие не само што не реагираа, туку и го нарекоа со погрдни имиња.

Меѓутоа, тоа не мина незабележано, бидејќи набрзо беше контактиран од страна на клубот кој веќе сега работи на тоа да го идентификува лицето.

Играчите на Тотенхем беа на мета и на мечот со Челси во полуфиналето од Лига Купот, па „Плавите“ реагираа така што пријавија во полиција тројца свои навивачи поради навреди на расна основа.