Возбудива трансфер разрешница: Реал и Ливерпул во главните улоги, Салах заминува од „Енфилд“…?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат деа на повидок е голема размена помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Односите на двата клуба не се баш на највисоко ниво по финалето во Лигата на шампионите изминатата година кога Шпанија ја освоија титулата.

Најмногу за тоа допринесе дуелот помеѓу Серхио Рамос и Мохамед Салах кој мораше да ја напушти играта потоа, а во центарот на вниманието повторно може да биде Египќанецот.

Имено, Дон Балон, тврди дека Реал сериозно ја разгледува опцијата да го понуди Тони Крос и сума на пари, за на „Бернабеу“ да стигне токму Салах.

Проблемот е што Ливерпул не сака да се откаже од фантастичниот Египќанец, покрај тоа не им е потребен уште еден фудбалер во редот за врска, меѓутоа Крос е еден од фудбалерите од светска класа, кој лесно би можел да го пронајде своето место во практично секој клуб на планетата.

Шпанците тврдат дека пристигнувањето на Салах во Реал би ја најавил новата генерација на „Галактокоси 3.0“, но засега нема конкретни чекори.