Јувентус стравува по повредата на Манџукиќ: Алегри загрижен, вели „No good“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Настапот на Марио Манџукиќ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико е под знак прашалник.

Повредата претставува сериозен проблем за хрватскиот напаѓач, повеќе отколку што изгледаше на почетокот, а тоа го потврди и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

„Манџукиќ ќе биде во аут најмалку неколку недели“, истакна Италијанецот и ги потврди стравовите во торинскиот клуб.

Поради сложеноста на самата повреда се уште не постојат конкретни податоци кога Манџукиќ ќе се врати на теренот, но судејќи по изјавата на Алегри, ситуацијата е далеку од безизлезна.

Марио, ако се суди по моменталната ситуација, ќе го пропушти важниот меч во Мадрид, добро е познато дека Јувентус оваа сезона исклучиво цели на освојување на Лигата на шампионите. Лошиот резултат на Ванда Метрополитано значајно би го затресол торинскиот гигант.

Во пресрет на саботниот меч против Болоња, Алегри го цитираше Марио.

„Повредата на Манџукиќ? Ќе кажам како што би кажал Марио: „No good““.

Манџукиќ оваа сезона има девет погодоци и четири асистенции во 21 меч и е најдобриот играч на „Старата дама“ која без него ќе води битка за првиот трофеј сезонава. Во среда Јувентус и Милан играат во домашниот Суперкуп во Саудиска Арабија.