Винко Кандија – Вардарки ја размонтираа Подравка и дозволија да постигне само 19 погодоци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вториот натпревар одигран на турнирот Винко Кандија во Словенија, ЖРК Вардар ја декласира Подравка со 19:35

Фантастичен старт на Вардарки со серија од 4 погодоци. На средината на второто полувреме ракометарките на Вардар направија нова поголема серија, овој пат од 5 погодоци и на полувреме заминаа со предност од 10:19. Подравка имаше големи проблеми во реализацијата, а во второто полувреме видовме најголемата серија на Вардарки, 7 погодоци и водство од 14:30. Ракометарките на хрватскиот клуб одговорија на големата серија на Вардарки со 3 погодоци во серија и намалување на водството на 17:30. На крајот голема победа на Вардарки со 16 разлика, 19:35. Ристовска со 8 погодоци беше најефикасна во Вардар. Мавсар постигна 6 погодоци, Ихнева и Хмирова по 5, Пенезиќ 4, Лазовиќ 3, Човиќ 2, Алтхаус и Дамњановиќ по 1 погодок.

Следниот натпревар Вардарки го играат денес во 19:30 против Крим Меркатор.