Филип Лазаров: Промашивме многу зицери и Хрватите тоа го казнија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија денеска беше поразена од Хрватска со 22-31, па тоа беше и прв наш пораз на Светското првенство во Германија и Данска.

По натпреварот Филип Лазаров кажа дека во игра биле 50 минути, но не успеале да ги искористат своите шанси.

„Ние бевме во игра до 50. минута од натпреварот, но не одигравме како што треба. Промашивме многу зицери и Хрватите го казнија тоа. Но, првенството оди понатаму и наша цел е пласман во следната фаза“, кажа Лазаров.