Дурант со пофалби за Дончиќ: Тој е одлично момче!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голден Стејт Вориорс го совладаа Далас Маверикс со 119-114, а најдобар во нивната екипа беше Стеф Кари со 48 поени, додека Лука Дончиќ постигна 26 поени.

Ѕвездата на актуелниот шампион, Кевин Дурант го пофали младото момче од Словенија, кое сезонава игра фантастично.

„Игра одлична кошарка. Кога еден 19-годишен кошаркар постигнува 20 поени во просек, мора за него да размислуваме како за олстар кошаркар. Сепак, има многу одлични кошаркари на неговата позиција, па така никогаш не се знае. Лука е силен. Не мораше да оди на часови, ништо од дополнителните работи кои ги правеа останатите момчиња“, вели Дурант.