УЕФА ќе спушти глава пред европските гиганти: Лигата на шампионите ќе се игра по нови правила?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Изгледа дека УЕФА попушти, за тоа ќе се расправа во Нион следниот месец, но судејќи по се на Лигата на шампионите во овој формат и се пресуди.

Имено, според пишувањата на италијанските медиуми, планот со кој европската куќа на фудбалот мора да се сложи, инаку ризикува побуна како Суперлигата кон ФИБА.

Имено, еден број клубови би добивале покани за натпреварување кај Италијанците сигурни се Јувентус, Интер и Милан. Со поканите ќе се води сметка и за градовите во кои се игра, за да се спакува фудалското и туристичко доживување, а планот е тие дуели да бидат играни за време на викендите, додека клубовите кои учествуваат во дуелите на националниот шампионат да настапуваат во текот на работната недела.

Кога Италија е во прашање, тие три места би биле загарантирани по покана, а екипите како Рома и Наполи или Фиорентина би се бореле за четвртата позиција.

Јасно, Реал, Барселона, Атлетико, Баерн, ПСЖ на континентот би биле неодолив дел од таквото натпреварување, додека во Англија би имале предност Јунајтед и Ливерпул, но веројатно и еден клуб од Лондон, што би можело да го остави Сити без покана, иако тоа звучи неверојатно.

Таквиот систем би бил еден вид компромис помеѓу она што бара здружението на клубови кои се предводени од претседателот на Јувентус, Анјели и обидот УЕФА да ја задржи контролата над огромната сума на пари во Лигата на шампионите.

УЕФА за потсетување, прифати на тоа водечките земји да имаат по четири автоматски обезбедени места, за да се избегне отцепувањето на великаните и Суперлигата од 2021. година, но тогаш клубовите не успеаа да ја уфрлат поканата за великаните, за да осигураат свое место на пример Јунајтед или Милан. Но, сега тоа е на чекор од остварување, бидејќи никому не му се губат пари, а јасно, за клубовите од Истокот, ќе биде уште потешко да се надеваат на пласман во евро-елитата.