Пречки, стативи, Митревски и потоа хорор: Македонија во второ полувреме загуби од Шпанија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонија го загуби и вториот меч на Светското првенство во Германија и Данска, откако денеска бевме поразени од Шпанија со 21-32.

Македонија тргна фантастично против Шпанците, па по неколку минути игра имавме предност од три гола (6-3), но потоа Шпанија израмни и полека почна да ја презема инцијативата, но некако успеавме да стигнеме до 12-12 пред последниот напад на Шпанците, кои го искористија за конечни 13-12.

Во второто полувреме – хаос. Тргнавме многу лошо, па Шпанија направи серија од 5-0 за водство од високи 18-12 и тука стана јасно дека ќе го загубиме мечот.

Поради тоа селекторот Раул Гонзалес реши да им даде шанси на помладите ракометари, па на крајот загубивме со 21-32.

Македонија нема избор утре против Исланд, освен победа, доколку сака пласман во следната фаза.