Лазаров: Утре е финалето за нас, ќе бараме триумф против Исланд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија денеска запиша убедлив пораз од Шпанија со 21-32 и тоа беше втор неуспех за нашите ракометари на Светското првенство во Германија и Данска.

Кире Лазаров беше задоволен од првото полувреме, но разочаран од вторите 30 минути, па најави голема борба против Исланд.

„Мислам дека одигравме квалитетно прво полувреме. Заслуживме да водиме три-четири голови разлика во прво полувреме, но не ги искористивме шансите. Во второто полувреме се случи тоа што се случи. Ќе покаже времето утре дали тоа е добро или за лошо. За нас утре е финале, ќе видиме дали ќе обезбедиме пласман во втора фаза. Исланд покажа добар квалитет и многу добри ракометари. Тие се незгоден противник, ќе биде многу тешко, но се надевам дека ќе победиме“, кажа Лазаров.