Вест Хем ја пронајде замената за Арнаутовиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако им стана јасно дека ќе останат без услугите на Марко Арнаутовиќ од Вест Хем ја пронајдоа замената за одличниот австриски репрезентативец.

„Скај Спортс“ пишува дека „Чеканите“ веќе стапиле во контакт со Селта Виго за услугите на нивниот напаѓач, Макси Гомез.

Шпанскиот клуб за 22 годишниот напаѓач бара 45 милиони фунти  колку што изнесува неговата откупна клаузула. Оваа сума наводно не била проблем за Вест Хем кој се согласил да плати толку за младиот играч.