Слаба на фудбалери: Го „искористи“ Роналдо, па го заведе фудбалерот на Лацио


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Љубовниот живот на Кристијано Роналдо беше навистина бурен пред да заврши со Џорџина Родригез. Португалецот зад себе имаше низа афери, го поврзуваа со познати убавици, а една од нив е Десире Кордеро.

Фудбалерот на Јувентус наводно ја „смувал“ преку Инстаграм и тоа додека се лекувал од повредите здобиени во финалето на Европското првенство, а иако многумина тврдеа дека се створени еден за друг нивната романса не траеше многу долго.

Наводно на Роналдо му сметало тоа што Десире многу ја експонира нивната врска, на сите страни зборувала за нив, па проценил дека таа го користи неговото име само за промоција и многу брзо раскинаа.

Сепак, на оваа мисица не и требаше многу време да падне во прегратки на друг фудбалер. Имено, таа денес е во врска со Хоакин Кореа, фудбалер на Лацио, а иако медиумски не се експонираат, наводно тие двајца живеат заедно и максимално уживаат во сите моменти поминати заедно.

Хоакин исто како и Роналдо не можел да одолее на шармот и „богатството“ што го нуди манекенката..