Скај Спорт: Игуаин е нов фудбалер на Челси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесува италијански Скај Спорт, Гонѕало Игуаин е од денес нов напаѓач на Челси.

Изминатите неколку денови се шпекулираше многу околу ова, а се чини дека вчерашната средба на Милан со Јувентус му беше последна за тимот од Милано.

Споменатиот извор наведува дека Јувентус и Челси се договориле околу деталите за позајмицата, па Игуаин ќе биде во Челси до крајот на сезоната.

Секако, тимот на Роман Абрамовиќ ќе има право на откуп на овој фудбалер доколку се задоволни на крајот од сезоната.

Тренерот на Сините, Маурицио Сари на овој начин си оствари уште една своја желба која пробуваше да ја реализира уште минатото лето.

Игуаин во првиот дел од сезоната одигра вкупно 22 меча во дресот на Милан и постигна осум голови со три асистенции.