Драма во Минхен: Македонија загуби од Исланд!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонија загуби од Исланд со 22-24 во петтиот меч на Светското првенство (СП) во Германија и Данска, па така не обезбедивме пласман во следната фаза.

Македонија тргна добро во првото полувреме, па направи предност од 4-1, но потоа следуваше мини серија на Исланд за израмнување на 4-4. Во продолжение се играше гол за гол до 9-9, а потоа нашите ракометари стигнаа до два гола предност на полувреме (13-11).

Во второто полувреме Исланд тргна подобро, па неколку пати имаше предност од два погодоци (16-18), но Македонија се врати во игра и израмни на 21-21. Сепак, во финишот Исланѓаните беа подобри и триумфираа со 24-22.

Најдобри кај нашата репрезентација беа Дејан Манасков и Кирил Лазаров со по пет постигнати голови.