Ристовски: Мора да признаеме, Исланд беше подобар противник!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација несреќно загуби од Исланд со 22-24 и тоа беше крајот на надежта дека ќе се пласираме во втората фаза од Светското првенство во Германија и Данска.

Борко Ристовски имаше голем број на интервенции, но ниту тие не помогнаа да стигнеме до триумф, па разочаран по мечот кажа дека мора да признаеме дека Исланд е поквалитетен од нас.

„Сега уште сме нервозни и треба да помине еден ден за да може да направиме добра анализа. Не се откажавме до последен момент, но не престанавме да се бориме. Исланд е поквалитетен од нас, но видовме дека ни недостига квалитет. Морам да признаам, Исланд беше подобар противник и имаше повеќе среќа“, кажа Ристовски.