10 Year’s Challenge: Герет Бејл хит на Интернет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гарет Бејл е уште една жртва на интернет по повод новиот хит што кружи на социјалните мрежи – 10 Year’s Challenge.

Корисниците на социјалните мрежи поставуваат фотографии од 2009. година и ја споредуваат со денешните, а неретко некои фотографии се цел на шега, посебно во светот на спортот.

Не беше прескокнат ниту Бејл. Неговите бројни повреди често се предмет на шеги на интернет, па така беше и овој пат. Поставени се фотографии од 2009. и 2019. година, а Велшанецот и на двете носи лангета на едната нога.

Погледнете ја фотографијата подолу.