Федерер: Мислам дека против Џиципас ме очекува занимлив меч


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер рано утрово по наше време се пласираше во своето 16. четврто коло на АО.

Тој го порази Американецот Тејлор Фриц со лесни 3-0 во сетови, а нареден ривал ќе му биде Гркот Стефанос Циципас.

„Играв протв Циципас во Хопман купот. Играше многу добро и квалитетно. Сега сепак ќе биде друго, бидејќи се игра на три добиени сета. Се радувам на тој меч, мислам дека ќе биде навистина добар“, изјави Федерер.

Инаку Швајцарецот играше во дневен термин, што е многу необична ситуација, кога е тој во прашање.

„Понекогаш не ја гледам светлоста на денот долго време. На пример во Дубаи сите мечеви се ноќни, а овде во ноќните термини играме од четврт финале па натаму. Ако играш добро, ќе се врзат неколку мечеви ноќе, а до сезоната ќе се одиграат околу70% од натпреварите во ноќни термини“