Лазаров типува: Ова е очекуваниот расплет на Светскиот ракометен шампионат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот наш ракометар, Кирил Лазаров го прогнозираше расплетот на СП во Германија и Данска.

Лазаров во интевју за еден хрватски медиум, истакна како гледа на хрватската репрезентација, а подоцна го прогнозираше и расплетот на турнирот.

„И се воодушевувам на Хрватска, како секогаш успева да пронајде непознати и млади играчи кои многу брзо се наметнуваат како ѕвезди во светскиот ракомет, а го имаат и Червар секако. Лино е стар лисец, со години е во ракометот, ги знае сите трикови и точно знае зошто ги одбрал играчите кои ги има во ростерот“, истакна Лазаров па продолжи:

„Червар е еден од најдобрите тренери во историјата и сигурно е дека сака да ја заврши кариерата на најдобар можен начин. На Лино треба да му се верува. Дувнјак игра фантастично, а токму на последниот турнир недостасуваше поради повредата“.

Лазаров даде краток осврт и на престојот во неговиот клуб Нант:

„Франција е голема мистерија. Цело првенство играат лошо, се спасуваат, се мачат, но тоа е Франција. Вистинските екипи секогаш играат сериозно во второто коло. Во Франција сум веќе втора сезона и од прва рака знам како кај нив работите функционираат“, порача Лазаров па додаде:

„Би сакал да грешам, но мислам дека тие дури сега ги палат моторите и дека до крајот ќе гледаме една поинаква Франција. Моќна и силна. Би сакал и Хрватска да оди до крај, но не сакам на момците да им носам притисок. Прилично сум сигурен дека еден финалист ќе биде некој од Скандинавците, а вториот Хрватска, Франција или Германија“.