Мурињо се отвори: Одбив три понуди по Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо откри дека досега одбил три понуди за да ја продолжи кариерата по отказот од Манчестер Јунајтед на 17 декември минатата година.

„Среќен сум со овие неколку недели, среќен сум со искуството и сега ќе можам да направам анализи кои нормално не можев да ги направам. Но, јас се познавам самиот себе и знам дека до крајот на март ќе се мачам со мојата среќа. Ќе ги анализирам работите. Веќе одбив три понуди затоа што не чувствував дека се тоа што јас сакам. Сакам да бидам миран и да имам повеќе време за подобро да се подготвам“- заклучи Мурињо во интервју за „БеИн СПОРТС“.

Медиумите веќе објавија дека Бенфика е едниот тим кој се интересирал за Мурињо, додека другите два засега остануваат енигма.