Сари грмеше: Неприфатливо! Овие фудбалери тешко се мотивираат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Сари беше лут по поразот на неговиот тим во градското дерби против Арсенал со 0-2, а во прв план ги критикуваше фудбалерите.

„Екстремно сум лут затоа што овој пораз ни го руши менталитетот. Тие беа многу порешителни од нас и тоа не можам да го прифатам. Исто како против Тотнем. Разговаравме и мислев дека го решивме ова. Сакам да зборувам за тактиката, но оваа група фудбалери тешко се мотивира“, кажа Сари.

Челси во моментов е на четврто место со 44 бодови, но сега Арсенал и Манчестер јунајтед имаат три помалку.