Нема веќе насловни страни за бадијала: Салах во чекор со Роналдо, кој е поголем лажго?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах не е овојпат на насловните страници и тоа поради добра причина, погодоци, асистенција, победа.

Салах се најде на удар на медиумите, но и навивачите на останатите тимови од Премиер лигата поради своето однесување на теренот, неретко во последните неколку меча симулираше што ги разлути и сите гледачи.

Така во колумната во „Тајмс“ некогашниот напаѓач на Челси, Тони Каскарино истакна дека тоа го прави од преголема желба за титула.

„Можеби тоа е притисокот кој го имаат играчите на Ливерпул во смисла на освојување трофеи оваа сезона, а Салах не е првото име на таа листа, многумина сакаат да лажат за да победат. Кристијано Роналдо тоа го прави, а неговата кариера оди само напред“, напиша Каскарино.

Дали се согласувате со него?