Емери повторно за Озил: Видете, тој е наш играч, тој ни треба…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Месјут Озил нема премногу шанси за игра во важните натпревари и тоа по одлука на Унаи Емери.

Дал има иднина во Арсенал?

Емери вели дека има, иако не му се вклопува во концепцијата, и во последниот важен меч против Челси не влезе во игра, а и седум дена претходно, не доби шанса против Вест Хем.

„Во саботата беше добро, можеше да игра, но одлучив тоа да не биде така. Разговарав со него и сакав да биде подготвен за мечот, но и за следните дуели кои треба да ги играме, токму како и остатокот на тимо.

Би имал доверба во него ако играше, а во следните натпревари ни е потребен секој играч, па така и неговиот квалитет“, истакна Емери.

Следниот меч против Манчестер Јунајтед во рамки на ФА Купот на програмата е в петок.