Одигра 54 натпревари за „Гордиот Албион“, а денес и стави точка на својата кариера…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот кој голем дел од својата кариера играше за Ливерпул, Глен Џонсон, денес објави крај на својата кариера.

Има 34 години овој некогашен десен бек, во текот на својата кариера играше за Вест Хем, Милвол, Челси, Портсмут, Ливерпул и од 2015. година беше член на Стоук.

За репрезентацијата на Англија овој фудбалер одигра 54 натпревари.

Секако најдлабока трага остави во Ливерпул каде одигра отпилика 200 натпревари во сите натпреварувања и постигна 9 погодоци.