Од Арсенал ги потврдија шпекулациите, Германецот си заминува од „Емирати“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од таборот на Арсенал го потврдија тоа што се шпекулираше во последните неколку денови.

Клубот наскоро ќе го напушти првиот човек на скаутинг тимот на Арсенал, Свен Мислинтат. Мислинтат дојде како големо засилување во управата на Арсенал, но на 8 февруари ќе стави крај на едно и пол годишната авантура во главниот град на Англија.

Мислинтат претходно десет години беше шеф на скаутинг тимот на Борусија Дортмунд и беше „главниот“ виновник за откривање на неколку големи ѕвезди на модерниот фудбал.

Постојат шпекулации дека Мислинтат ќе го следи Иван Газидис и ќе му се приклучи на тимот на Милан од следната сезона.