Фудбалерот на Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со тимот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед пред малку потврдија дека е продолжен договорот со младиот фудбалер, Скот Мектомини.

Шкотскиот интернационалец ќе остане на „Олд Трафорд“ во следните четири години со опција истиот да биде продолжен на дополнителна една сезона.

„Манчестер Јунајтед е мој живот уште од мои пет години, а да се игра за клубот кој го поддржувам отсекогаш е нешто што најмногу го посакував. Се уште сум млад и уште учам од менаџерот, неговиот тренерски тим и од моите соиграчи кои се од светска класа. Не можам да дочекам да продолжам со мојот напредок во овој неверојатен клуб“- коментираше Мектомини.