Јувентус заинтересиран за фудбалери на Реал Мадрид и Лион


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека од таборот на Јувентус се заинтересирани во своите редови да ги донесат Иско и Тангуј Ндомбеле.

Иско е отворен за заминување од Реал Мадрид откако е се поевидентна нетрпеливоста со тренерот Сантијаго Солари.

„Скај Италија“ дознава дека од Јувентус одржале преговори со агентите на Иско за негов можен трансфер во Серија А. Како и да е, се верува дека и Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за услугите на шпанскиот репрезентативец.

Јувентус исто така е заинтересиран за младиот офанзивец на Лион, Тангуј Ндомбеле кој прикажува одлични партии во францускиот клуб.