Червар збесна: Ова е голема кражба, судиите мора да се затворат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот селектор Лино Червар е бесен по случувањата во Келн на текот на натпреварот меѓу Германија и Хрватска (22-21).

Хрватска остана без полуфинале по поразот, но главна тема беше досуденото пробивање на Игор Карачиќ во нападот на минута до крајот. Генсхајмер во следниот напад постигна голз а 22-20 и натпреварот беше загубен за Хрватите.

„Ова е грабеж, кој го виде цел свет. Овие судии треба да се затворат. Ова не е првпат. Данците ни го земаа првенството во 2008, 2009 и 2010 година и тоа треба јавно да се каже. Не може да се дозволи аматери да судат вакви натпревари и да ги решаваат нашите судбини. Треба нешто да се преземе и судиите да се суспендираат. Ние ги надигравме Германците пред нивна публика, а судиите ни пресудија. Што да кажам за ракометарите!? Браво момци, добро игравте!? Тие беа само жртвено јагне. Ние Хрватите мора да се бориме за гордост и достоинство и не треба да дозволиме некој јавно да краде од нас“, вели Червар.