Продолжува грчката бајка во Мелбурн: Циципас се пласираше во полуфинале! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бајката на Стефанос Циципас продолжува. Грчкиот тенисер се пласираше во полуфиналето на Австралијан Опен, откако во четири сета го победи Шпанецот Роберто Баутиста-Агут со 7-5, 4-6, 6-4, 7-6.

Циципас на таков начин го најде своето место во историјата, зашто стана најмладиот тенисер на гренслем турнир уште од Новак Ѓоковиќ и Ју-Ес опен во 2007 година.

„Ова ми личи на бајка. Го живеам сонот, за кој силно се борев“, кажа Циципас.

За пласман во полуфиналето ќе се бори против подобриот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Френсис Тиафо.