Данците признаа дека ја оштетиле Хрватска: Грешка беше одлуката за пробивање!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватска синоќа беше поразена со 21-22 од Германија и така остана без можност да се пласира во полуфинале на Светското првенство, а во центар на внимание беа контроверзните одлуки на данските судии Мартин Гјдеинг и Медс Хансен.

Тие двајца во финишот од мечот досудија сомнително пробивање од Игор Карачиќ, поради што Хрватите жестоко ги критикуваа по натпреварот.

Гјединг кажа дека е свесен за тоа што ја оштетил Хрватска на мечот против Германија.

„Не спиевме ноќеска, но мора да поминеме преку тоа. Имаше одлуки кои влијаеа на една екипа и таа е на мене. Ја видов ситуацијата 15 пати и тоа се двајца ракометари кои одеа еден кон друг, а да досудам прекршок во напад, тоа беше грешка“, кажа Гјединг.

Неговиот партнер Хансен кажа дека е свесен за грешките, но треба да се соочи со притисокот.

„Добро сме, секако, малку влијае на вас кога ќе направите нешто погрешно. Мислам дека добро се спротиставивме на притисокот. Ние сме судии и мораме да се соочиме со тоа“, кажа Хансен.