Роналдо на навивачка ѝ скрши нос, а таа има интересен предлог до него! (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една навивачка на Јувентус, Елена Ди Мартино имаше мала незгода во текот на мечот против Киево.

Во текот на загревањето пред натпреварот, Кристијано Роналдо шутна една топка кон трибината зад голот, а таа ја удри Елена во лице, па притоа ѝ беше скршен носот.

Еден ден подоцна навивачката на „Старата дама“ за италијанските медиуми откри дека Роналдо го очекува да ја однесе на вечера.

„Не е баш вообичаена работа Роналдо да ве погоди со топка во глава. Ви благодарам на поддршката, а сега очекувам да ме однесе на вечера“, кажа Елена.

Останува да видиме дали Роналдо ќе го прифати предлогот на Елена, а во споменатиот меч Јувентус победи со 3-0.