Пронајдени делови од урнатиот авион: Фудбалерот на Кардиф најверојатно не ја преживеал несреќата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британската крајбрежна стража ја запре истрагата по малиот авион во кој синоќа исчезна Емилијано Сала, најскапото засилување на Кардиф.

Најновото и најскапото засилување на Кардиф пристигна во сабота во Англија, а ден подоцна замина за Нант да се збогува со поранешниот соиграчи.

За жал, авионот на враќањето се урнал, но уште не е пронајдено неговото тело и речиси никој не се надева дека ја преживеал несреќата.

По пристигнувањето во Франција на пријателот Николас Палоис му кажал дека летот од Кардиф не бил удобен, па покажал загриженост за својата сигурност.

Контрола на летот во понеделник околу 20 часот загуби контакт со авионот, кој на радарот последен пат бил забележан во близина на еден остров меѓу Англија и Франција.

Смртта на фудбалерот не е потврдена, но истражителите велат дека нема шанси Сала да го преживеал падот на авионот.

„Тешка е загубата на еден човек и фудбалер, кој со нас помина долго време. Беше одличен пријател. И понатаму се надеваме дека ова не е вистина“, кажа неговиот поранешен тренер.

Навивачите на Кардиф и Нант веќе се простија од напаѓачот.