Серена Вилијамс „прокоцка“ сигурна победа, го напушта Австралија Опен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Седумкратната победничка на АО, Серена Вилијамс се прости од настапите на првиот Гренд Слем годинава.

Во четвртфиналето таа загуби од Каролина Плишкова, која славеше победа со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 7-5).

Борбата помеѓу овие две тенисерки траење повеќе од два часа. Само еден брејк беше пресуден во првиот сет, кој го направи Плишкова во третиот гем, за во вториот сет после голема борба да се врати Вилијамс, па изедначи на 1-1.

Вилијамс во третио сет имаше водство од дури 5-1, но со чудесна игра Пискова успеа да ги добие наредните шест гемови и да оди во полуфинале.

Таму ја чека дуел против Наоми Осаке која лесно ја совлата Елена Свитолина со 2-0 (6-4, 6-1).