Рома без Ундер три натпревари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Ченгиз Ундер ја повреде половината.

Еден од најдобрите играчи на Рома денес беше на дополнителни прегледи поради повреда и беше потврдено дека ќе мора да паузира околу две недели.

Тоа значи дека ќе ги пропушти следните натпревари во Серија А против Аталанта и Милан односно средбата во Купот на Италија против Фиорентина.

Инаку, тој во текот на оваа сезона одигра вкупно 25 натпревари и постигна шест голови и девет асистенции.

Сигурно Ундер многу ќе и недостига на Рома во наредниот период, но за Волчицата е навистина важно да се опорави пред средбата во осмина финалето во Лигата на шампиони против Порто.