Нишикори го предаде мечот, Ѓоковиќ во полуфинале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфинале на Австралија Опен.

Првиот играч на светот се пласира понатаму откако во вториот сет од мечот јапонскиот тенисер Кеи Нишикори го предаде мечот.

Јапонецот имаше огромни проблеми со бутните мускули. Болката беше јасно видлива,

Ѓоковиќ лесно освојуваше поени и уверливо победуваше (6:1, 4:1). Во вториот сет Нишикори веќе не можеше.

Одлучи да го предаде мечот и Новак неиспотен замина во полуфинале.

Српскиот тенисер за пласман во големото финале ќе се бори против францускиот тенисер Лукас Пулие кој нешто порано го совлада Милош Раониќ со 3:1.